Цело е кога го има Села
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2017
Зијадин Села не е подготвен да му раскине на Зоран Заев. Алијансата за Албанците на денешниот состанок на централното собрание на партијата донесе одлука да и даде уште една шанса на владината „врска“, но останува на принципот дека мора да се почитува почетниот договор и тие да го задржат ресорот здравство, а не да партиципираат со измислени ресори како вицепремиер за реформи.
Села нагласува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата. Сепак останува неизвесно дали пратениците на Алијанса ќе го поддржи изборот на новите министри во Собранието.
Премиерот Заев претходно посочи дека главна причина поради која министер за здравство станал Арбен Таравари е неговиот личен квалитет како кадар, а не тоа што е член на Алијансата, па затоа следните нивни предлози ги одбил бидејќи не биле квалитетни како што тој очекувал, па затоа решил шанса да му даде на Венко Филипче кој веќе е предложен за нов министер за здравство.