11 Мај, 2024
0.0288

Чебрен и Галиште неатрактивни за инвеститорите, ниту една фирма не достави понуда за нивна изградба!

Објавено во: Македонија 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

По низата неуспешни тендери и ширењето оптимизам дека Чебрен и Галиште се на чекор до изнаоѓање инвеститор, Владата конечно треба да признае дали и кога деценискиот проект за изградба на големи хидроцентрали на Црна река ќе стане реалност или сепак неуспехот во реализацијата на овие хидроцентрали и понатаму ќе се покрива со увоз на скапа струја?! Нема интерес за изградба на најголемите хидроцентрали во зелмајава-Чебрен и Галиште. Иако една турска фирма, грчката компанија ППЦ и македонската компанија Балкан енерџи груп (фирма која во енергетските кругови се поврзува со  руската компанија Синтес Груп, сопственик на термоелектраната ТЕ-ТО во Скопје) подигнаа тендерска документација за Чебрен и Галиште вредна 5.000 евра, ниту една од нив не достави понуда до крајниот рок денеска. Која е причината за неуспехот на Владата во изнаоѓање инвеститор од Владата не откриваат.
„Ниту еден од заинтересираните инвеститори не достави понуда. За исходот ќе ја известиме Владата од каде што треба да одлучат што понатаму во однос на реализацијата на овој проект“, велат за Фактор од Министерството за животна средина.
Како што веќе објави Фактор, Владата минатата година одлучи да ги прифати долгогодишните сугестии од заинтересираните инвеститори и ги предимензионира браните, на Чебрен од 180 метри на 192 метри, додека браната на хидроцентралата Галиште ќе се намали на 130 метри, наместо досегашните 141 метар. Од новиот инвеститор ќе се бара да понуди не помлаку од 39% удел на ЕЛЕМ во заедничката фирма со потенцијалниот инвеститор. Детаљите од новиот тендер за Чебрен и Галиште покажуваат дека ЕЛЕМ ќе треба да ги преземе сите инвестиции за реализација на проектот. Токму учеството на ЕЛЕМ во заедничката фирма до сега беше пречка  меѓу Владата и инвеститорите. Според  информации од Владата, најатрактивно за инвеститорите ќе биде ако во заедничката компанија, веќе постоечката хидроцентрала Тиквеш им се даде на инвеститорите три месеци по почетокот на изградбата на ХЕЦ Чебрен. По одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола, потенцијалниот инвеститор ќе мора да го изгради Чебрен за седум години од денот на почетокот на градбата, пишува во најновата тендерска документација за изградба на овие две најголеми хидроцентрали кои треба да се градат на Црна река, кај Мариово. Последните проценки покажуваат дека изградбата на Чебрен и Галиште ќе чини близу 500 милиони евра. Доказ дека Чебрен и Галиште и тоа како го пробиваат рокот за изградба проектиран од МАНУ, а прифатен од Владата е самата енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години, според која овие две значајни електрани на Црна река, кај Мариово треба да почнат да ги произведуваат првите киловат часови струја веќе од 2018 година. Изградбата само на ХЕЦ Чебрен би била околу седум години. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода. На последниот тендер, токму грчки ППЦ беше  во “мртва трка“ со кинеската корпорација ЦВЕ за изградба на ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, но нивните обиде беа залудни. Владата го поништи тендерот бидејќи не беше задоволна од понудите.   К.П

Можеби ќе ве интересира

Таравари се надева дека ќе ја добие функцијата претседател на СобраниетоБироОд

Таравари се надева дека ќе ја добие функцијата претседател на СобраниетоБироОд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија