ЧИСТИ ВОЗДУШНИ ЗОНИ: Возачите на Лондон ќе плаќаат и до 100 фунти за возење низ центарот на градот
Објавено во: Свет 12 Април, 2019
Возачите на најзагадувачките возила oд сега ќе мора да платат за возење во центарот на Лондон - а наскоро и другите градови низ Велика Британија ќе го следат примерот.
Лидс и Бирмингем ќе започнат слични шеми следната година, додека десетици други градови размислуваат за создавање на чиста воздушна зона (CAZ). Па, како тие ќе работат и каде на друго место наскоро ќе мора да плаќаат за возење ?
Што значат чистите воздушни зони?
Едноставно кажано, тие зони се дизајнирани да го намалат загадувањето и да ги охрабрат луѓето да возат помалку загадувачки автомобили, вклучувајќи електрични и понапредни бензин и дизел мотори.
Возачите на најзагадувачките возила ќе мора да плаќаат до 100 фунти дневно за да влезат во области каде советот смета дека воздухот е токсичен - често во центарот и урбаните центри.
Но, постојат два типа на чисти зони: каде што им се наплаќа на возачите но и такви без надомест, но советот ветува "акција за подобрување на квалитетот на воздухот".
Чистите воздушни зони ќе може да се применат на сите возила или на дел од нив, од автобуси, камиони, минибуси, такси, приватни возила до мотоцикли и мопеди.
Владините упатства гласат дека профитот потоа ќе се реинвестира во локалните транспортни шеми.
Според пишувањата на БиБиСи планирано е да се наплаќа во чисти воздушни зони во Лондон, Лидс, Бирминген, Шефилд , Оксворд, Гласгов, Саутемптон и други градови.
Во однос на цените плаќањето ќе изгледа вака:
12,50 фунти за приватни автомобили, минибуси, мотоцикли и мопеди, 12,50 фунти за такси а 100 фунти за автобуси, минибуси и тешки товарни возила.
Foto:epa