09 Мај, 2024
0.0244

ЦИА откри тајна за Југославија - за што се работи?

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешна Југославија ги имала сите потребни капацитети и дури доволни резерви на ураниум за од сопствени извори до 1980 година да произведе атомска бомба, вели професорот Филип Ковачевиќ, кој имал ретка прилика да му бидат дадени на увид осум тајни документи од ЦИА од 1975 година. 

Ковачевиќ, кој е гостински предавач на Универзитетот во Сан Франциско и чие примарно поле било истражувањето на работата на известувачките служби, до нови материјали дошол откако во февруари 2016 година и се обратил на ЦИА со барање за документи поврзани со југословенската атомска програма.

„Документите опфаќаат период од триесет години, од 1957 до 1986 година, тие се во различен формат, од кратки извештаи до научни истражувања и сите биле чувани во голема тајност. Јасно е дека неколку генерации на аналитичари на ЦИА имале сериозен пристап кон оваа тема. Документите биле зачувани на посебни места за да се сокријат изворите на информациите, а во писмото кое го примив ми беше соопштено дека постојат уште некои документи кои остануваат јавно недостапни поради тоа што можат да влијаат на американската национална безбедност. Значи, постојат уште тајни“- вели Ковачевиќ.

Во документите на ЦИА во кои Ковачевиќ имал увид стои дека после Втората светска војна Југославија воспоставила соработка со САД за развој на атомска програма и започнала да испраќа студенти на специјализација во американските универзитети.

Во 1952 година Југославија, во соработка со научници од Американското геолошко друштво, извршила истражувања ширум својата територија и утврдила дека постојат солидни наоѓалишта на ураниум во Словенија (Идрија) и во Македонија (Злетово).

Исто така, во еден документ од јули 1979 година пишувало дека само на едно место во Словенија можело да бидат произведени 300.000 тони ураниум, што е доволно за околу 300 тони ураниумски оксид (атомско гориво).

Ковачевиќ посебно напоменува дека од документите на ЦИА може да се види дека оваа агенција била одлично информирана околу сите случувања во Југославија, со добро организирана мрежа на информатори во југословенските институции.

Меѓутоа и покрај тоа, тој смета дека Американците не можеле да влијаат врз одлуките на највисоките југословенски политичари.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?