Десет чекори до свој бизнис и покрај постојана работа
Објавено во: Финансии 13 Јануари, 2017
Истражување направено од Универзитетот Бентли покажува дека 66% од испитаниците кои се меѓу 18 и 34 години сакаат да почнат свој бизнис. Но, од 2013 година во САД само 3.6% од компаниите се во сопственост на млади до 30 години. Другите се плашат да почнат сопствен бизнис.
Пред да почнете свој бизнис, еве 10 чекори кои треба да ги направите.
Бидете поврзани
Направете список на своите обврски. Од дневни активности исфрлете гледање телевизија, социјални мреже, за да имате време за другите обврски.
Направете список со интереси и способности
Бизнисот кој сакате да го почнете бара одредени вештини. Читајте, одете на курс, усовршете се и тоа нека биде ваша подготовка за бизнис. Ако бизнисот не се вклопува со вашата работа, сепак не е крај. Секогаш можете да најдете некој кој ќе работи за вас.
Потврдете ја својата идеја за бизнис
Треба да добиете повратна информација од вашите идни купувачи за вашиот производ.
Изградете конкурентска предност
Ова ќе ви помогне да имате подобра мрежа на купувачи и да ја ширите. Обидете се да се истакнете и издвоите од другите.
Имајте детални, реални и мерливи цели
Поставете си цели кои можете да ги остварите на неделно или месечно ниво. Со ваков начин на работа ќе бидете одговорни и нема да се опуштате.
Направете план за состаноци, бидете активни
Морате да бидете активни, да разговарате, да слушате совети, да воведувате новини, да одите на состаноци.
Избегнете ги вашите слабости
Треба да го работите она во што сте најдобри.
Секогаш барајте повратна информација
Важно е да имате објективна повратна информација. Ова треба да го правите од прв ден па дури и кога вашиот бизнис ќе се развие.
Не го мешајте бизнисот со постојната работа
Не работете на својот бизнис додека сте на работа во фирма каде сте постојано вработени и обратно. Истото се однесува на ресурсите, немојте да ги користите и мешате.
Пред да донесете важна одлука размислете
Проверете ја вашата идеја, замисла и тестирајте ги вашите идеи.