ДЕТАЛИ ЗА НАПАЃАЧОТ НА ЏАМИЈА ВО ЛОНДОН: Бил татко на 4 деца
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2017
Дарен Озборн(47) е човекот кој со комбе удри во муслимански верници пред џамија во Лондон, и е татко на четири деца.
Неговото семејство е шокирано од она што тој го направи.
Полицијата вчера претресе куќа во Кардиф, за која се верува дека Озборн живеел во неа.
Тој е уапсен под сомнение за тероризам.
Неговата мајка, сестра и внук се огласија со соопштение и рекоа дека се во шок и не можат да веруваат што се случи.
Внукот вели дека вујко му не е расист и дека никогаш немал расистички погледи.
Но, неговите соседи од Азија велат дека тој истата вечер бил исфрлен од бар затоа што ги пцуел муслиманите.
Осомничениот не е познат на безбедносните служби и најверојатно делувал сам.
Во нападот едно лице почина, а 11 беа повредени.