03 Мај, 2024
0.0269

„ДИГИТАЛНОТО ЗЛАТО“ „ГАЗИ“ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Биткоинот бележи нов рекорд

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вредноста на биткоинот вчера надмина рекордни 50.000 долари, што е уште еден во низата индикации дека најголемата крипто валута во светот е прифатена од мејнстрим инвеститорите и компаниите.

Биткоинот вчера во еден момент достигна вредност од 50.602 долари, што е историски рекорд за оваа валута, чија вредност е зголемена за 70% од почетокот на годината.

Најголем раст е забележан откако, на почетокот на овој месец, компанијата „Тесла“ објави дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Покрај драстичната промена на ставовите и прифаќањето од страна на инвеститорите, вредноста на биткоинот, според аналитичарите, расте и поради тврдењата дека има ограничена количина од 21 милион криптовалути.

Наративот дека биткоинот стана „дигитално злато“ се повеќе се прифаќа бидејќи инвеститорите предвидуваат инфлација, а централните банки и владите ја „одвртуваат славината“ за да се справат со последиците од пандемијата „ковид-19“.

Метеорскиот пораст на биоткоин, кој вредеше неколку стотици долари пред само пет години, предизвика загриженост кај големите инвестициски банки, кои предупредуваат на шпекулативен меур што неизбежно ќе експлодира .

Порастот на биткоинот „ги надминува претходните меури“, објави Банката на Америка минатиот месец.

Дури и кога биткоинот полека влегува во мејнстримот, регулаторниот надзор останува крајно слаб и повеќето инвеститори сè уште се двоумат поради нејасните регулативи и врската помеѓу криптовалутата и криминалот.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен и претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард минатиот месец повикаа на зголемен надзор на биткоинот од страв дека може да се користи за криминални активности како перење пари.

Некои исто така веруваат дека екстремната нестабилност е причина за загриженост. „Веруваме дека поради нестабилноста, биткоинот заостанува зад парите по квалитет“, рече Џeорџ Лагариас, главен економист во „Мазарс“. Вредноста на биткоинот во Азија вчера падна за пет проценти во текот на денот, по рекордниот раст, посочува британската агенција.

Додека некои се претпазливи во однос на подемот на овој децентрализиран пазар, кој не се базира на какви било средства, други веруваат дека ситуацијата е многу поразлична отколку во 2017 година, кога вредноста порасна, а потоа падна на почетокот на 2018 година.

„Зголемениот интерес на деловната заедница за криптовалути го трансформираше пазарот во споредба со 2017 година“, вели аналитичарот Нил Вилсон.


Прочитајте и:

НАРОДНА БАНКА ЗА БИТКОИНОТ: Тие што вложуваат никогаш нема да бидат обештетени ако пропадне платформата

*

„Доктор Пропаст“ пак предупредува: „Вложувањето во биткоин е катастрофална одлука“


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски