02 Мај, 2024
0.0249

Државата лани одобрила најголема помош за ТЕ-ТО, Кромберг и Шуберт, Локо Транс и Зенит

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Двете странски инвестиции кои вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги најави лани и за кои е одобрена државна помош - Локо Транс од Чешка и Зенит од Обединетите Арапски Емирати ќе ја чинат државата 14 милиони евра.

Произведувачите на шински возила, односно на грејачи за бојлери ќе добијат по 7 милиони евра како суми за помош за инвестициите, односно објектите, но и во форма на простување на даноците и другите давачки. 

Сепак ова не се решенија со највисоки суми за државна помош кои Комисијата за заштита на конкуренцијата ги евидентира во 2019 пред да ги пријави во македонското Собрание. Број еден е когенеративната централа ТЕ-ТО Скопје која лани добила државна помош од Владата во висина од 15.645.000 евра за одложено плаќање на данок. Произведувачот на струја и топлинска енергија од гас е еден од најголемите должници на Управата за јавни приходи, но државата му го одложи плаќањето на данокот на девет години за да не оди во стечај.

На второ место збирно се претпријатијата кои добиле решение за државна помош од 12,5 милиони евра од Фондот за иновации и технолошки развој преку инструментот со поддршка со кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

На трето место е најголемиот работодавач Кромберг и Шуберт, а на произведувачот на кабли за возила им биле одобрени нови 8,2 милиони евра како државна помош од поранешната вицепремиерка за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Понатаму, според висината на помошта, следуваат договорите со Локо Транс и Зенит, одобрени од Апостолска, односно од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Покрај тоа, дирекцијата одобрува уште 1,25 милиони евра за Зенит, но за уште една дополнителна инвестиција во Бунарџик 2.

Меѓу најголемите збирни суми кои одобриле понатамошна исплата на фирми е и Министерството за труд и социјална политика со 7.837.000 евра за програмите за вработување.

Од другите странски инвестиции, познато е дека на Балканлар Пластик од ТИРЗ ќе му следуваат 2 милиони евра, додека Комисијата за заштита од конкуренција не ги објавува сумите за Кеслер, втората инвестиција на Костал во Охрид и двете нови на Дура Аутомотив, кои очигледно остануваат дискретни и непознати за јавноста.

Категориите за кои е доделена државна помош во 2019 година се: заштита на животната средина,поддршка и развој на мали и средни претпријатија, имплементација на индустриска политика, поддршка и развој на кластерското здружување, туризам, вработување, регионална политика, иновативност, како и планирано доделување на државна помош за унапредување на остварувањето на проекти од значаен економски интерес.

Вкупниот износ на планирана одобрена државна помош во 2019 година е 6.779.864.722денари, односно 110,2 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?