ДУПЛА СРЕЌА: По грешка два тикета на лото му донесоа 46,6 милиони долари
Објавено во: Свет 27 Март, 2019
46,6 милиони американски долари заработил еден среќен работник во Мелбурн.
Се прашувате како? На лотарија откако по грешка уплатил два тикети со исти броеви.
Мажот, како што пренесува Дејли меил уплатил еден тикет во Сент Албанс, а потоа случајно уште еден со истите броеви на друго продажно место.
Секој тикет поединечно му донел добивка од 23,3 милиони долари, а џекпотот бил толкав бидејќи никој не го добил во последните седум недели.
Уште еден добитник освоил 23,3 милиони долари во Хабарт и допрва треба да ја преземе добивката.
Во случај мажот да уплатил еден тикет наместо два, наградата би била поделена помеѓу двајца играчи и секој би добил по 35 милиони долари.