04 Мај, 2024
0.0337

ДУРИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА - замрзнати се имот, сметки и хартии од вредност на четворица, до каде ќе се размотува клопчето Еуростандард банка

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Замрзнат е имотот на еден од сопствениците на Еуростандард банка, Трифун Костовски, според него, вреден над 100 милиони евра. 

Оваа вест, откако ја објави и самиот Костовски, ја потврдија и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Оттаму објаснуваат дека привремено е замрзнат имотот не само на Костовски, туку и уште на три лица кои се инволвирани во предметот во врска со Еуростандард банка. 

„На предлог на обвинителството, согласно законските одредби, Основниот кривичен суд Скопје, со решение привремено го замрзна имотот на лицето за кое покажувате интерес, и на уште три лица инволвирани во предметот во врска со Еуростандард банка“, се вели во одговорот од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Ова во своја колумна вчера го напиша и самиот Костовски. 

Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против. Очигледно е дека организаторите на овој кримнал тргнаа првенствено кон згаснување на Еуростандард банка со цел да не дојдеме до крајната дестинација каде завршиле парите.

Не се работи за мали пари, туку се работи за големи пари. Се работи за повеќе од 100 милиони евра – маса во која се наоѓаат парите на коминтентите на Еуростандард банка и парите кои ние како акционери ги инвестиравме во банката“, пишув Костовски.

Натаму, како што доддава, сега посегнале да му го блокираат имотот, бидејќи тој, според него, би бил можност да ја води натамошната битка за вистината. 

„Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот?...  Ова е невидена и нефер борба во која се користат најниски удари, со цел да се сокрие нешто што е толку видливо, а тоа е дека јас, моето семејство и банката сме жртви на организиран криминал. Кој владее во нашава криминална држава? Одговорот е многу едноставен – криминалци, вдомени во сите сегменти на општественото живеење, од образование, здравство, па сѐ до судството“, нагласува Костовски.

Тој потенцира дека по најновите сознанија, сфаќа дека нема институции во системот кои не се замешани во оваа афера, почнувајќи од Владата со нејзините министерства, судството, полицијата и, како што ја нарекува - егзекуторот - Народна банка. 

„Почитувани, верувајте дека нема да дозволам гневот да ме надвладее. Секогаш кај мене ќе надвладува разумот“, вели бизнисменот Костовски во својата колумна.

Инаку, според неофицијалните информации, замрзнати биле хартии од вредност, сметки и недвижен имот на име на бизнисменот Трифун Костовски, како и на членови на неговото најтесно семејство.

Од ова всушност произлегува претпоставката дека најверојатно е замрзнат и имотот на неговиот син Коста Костовски, кој е исто така еден од косопствениците на пропаднатата банка. Во отсуство на официјални информации кои се другите две лица чии имоти се замрзнати, се поставува прашањето дали е блокиран имотот и на други членови на семејството, и на кои, или пак на членови на управниот или надзорниот одбор на банката. 

Ќерката на Трифун Костовски, Олга Костовска, неодамна во изјава за Фактор потврди дека нејзиниот план е да го обнови Кермес, потенцирајќи дека станува збор за нејзин личен имот, а не за имот на семејството Костовски. 

А како што веќе пишуваше Фактор, пред неколку дена во Централен регистар на земјава беше објавено дека дефинитивно престанува да постои Еуростандард банка, а нејзиниот имот ќе се распродава и од тоа ќе се наплатуваат пари со кои потоа ќе се обесштетуваат доверителите. 

„Со Решение од 6 ноември 2020 година на Основен граѓански суд Скопје: прво, се констатира дека Собранието на доверители, со 99,62 отсто од присутните доверители со право на глас присутни на Собранието на доверители, донесе одлука – деловниот потфат на стечајниот должник Еуростандард банка АД Скопје во стечај – да се затвори, и имотот да се впаричи. Второ, се констатира дека Собранието на доверители, со 100 отсто од присутните доверители со право на глас, донесе одлука Одборот на доверители на должникот да биде во следниот состав - Фонд за осигурување на депозити, Министерство за труд и социјална политика, Народна банка, АД на Аеродроми и Иван Брзовски“, се вели во објавата во Централниот регистар.

Штедачите реагираа зошто Фондот за осигурување на депозити ќе има предимство при обештетувањето од стечајната маса, кога тој постојано собира пари од премии од банките, кои се чуваат токму за период кога ќе настане ризичен настан, односно ќе пропадне некоја банка. Тие за ова покренаа и иницијатива пред Уставниот суд, за измена на законската одредба што ја предвидува таа предност на Фондот, но се уште нема информација како одлучиле уставните судии.

Како се дозволи да пропадне оваа банка и да не можат да се наплатат толку многу пари, и натаму останува мистерија. Во расветлување на случајот требаше да помогне надзорната расправа што се одржа во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет, на која беа повикани и испрашувани сите главни актери. Но, јавноста не ги доби клучните одгвори.

По надзорната расправа, пак, штедачите останаа на својот став дека во случајот со пропаста на банката се работи за организиран криминал. 

„Едноставно, не е можно 149 фирми или 72,6 отсто од кредитното портфолиона правни лица во банката да имаат ултра ризични и ненаплатливи кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра, а да не се работи за добро осмислен и спроведен криминал почнувајќи од2013 година па наваму“, нагласија штедачите во своето соопштение.

Инаку, Еуростандард банка треба да наплати кредити во вредност од 94,4 милиони евра, и тоа 68,6 милиони евра на фирми и 25,8 милиони евра на домаќинства.

На таа надзорна расправа директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми објасни дека Управата активно работи на овој случај, ги утврдува причините како дошло до несолвентност на банката, како се давале кредитите и каде завршиле тие пари. „Ние истражуваме, а Јавното обвинителство треба да утврди дали ќе оди со истрага или ќе ја запре постапката“, рече Муареми.

Според него, процесот се уште е во предистражна постапка, се уште не е отворена истражна постапка. Муареми рече и дека покрај Управата за финансиска полиција, истраги водат и Обвинителството, и ОЈО за Организиран криминал.

А всушност ОЈО за организиран криминал е тоа што сега привремено му го замрзнува имотот на Костовски.

„Не можеме да кажеме во која насока ќе оди истрагата и не можеме да кажеме каде има вина. Имаме голем број фирми кои се предмет на проверка, за еден дел се веќе обезбедени докази, а други се на листата за кои треба да се обезбедат докази. Инаку, и нас не интересира каде завршиле парите, и ние следиме каква е трагата на парите, бидејќи без тоа нема да можеме да ја затворите истрагата“, рече Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција.

На прашања тогаш одговараше и Љубомир Јовески, јавниот обвинител на земјава, но рече дека детали не може да изнесува.

„Јавното обвинителство ќе ги преземе сите дејствија за обезбедување докази и сите што сториле кривични дела, ќе одговараат пред законот, тоа е сигурно“, рече тогаш Јовески.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот