23 Ноември, 2024
0.0280

Еуростандард банка дефинитивно се гасне, имотот ќе се впаричува - но никој не кажува каде завршија парите, на потег Обвинителството и Финансиската полиција

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Дефинитивно престанува да постои Еуростандард банка, а нејзиниот имот ќе се распродава и од тоа ќе се наплатуваат пари со кои потоа ќе се обесштетуваат доверителите. Но, веќе на сите им е јасно дека нема да има доволно средства за да се подмират сите штедачи чии пари останаа заглавени во банката.

Во Централниот регистар на земјава вчера беа објавени две одлуки од Собранието на доверители на оваа банка.

Со едната одлука се затвора деловниот потфат на банката и имотот ќе се впаричува, а со втората одлука се одредува конечниот состав на Одборот на доверители.

„Со Решение од 6 ноември 2020 година на Основен граѓански суд Скопје: прво, се констатира дека Собранието на доверители, со 99,62 отсто од присутните доверители со право на глас присутни на Собранието на доверители, донесе одлука – деловниот потфат на стечајниот должник Еуростандард банка АД Скопје во стечај – да се затвори, и имотот да се впаричи. Второ, се констатира дека Собранието на доверители, со 100 отсто од присутните доверители со право на глас, донесе одлука Одборот на доверители на должникот да биде во следниот состав - Фонд за осигурување на депозити, Министерство за труд и социјална политика, Народна банка, АД на Аеродроми и Иван Брзовски“, се вели во објавата во Централниот регистар.

Со оглед на нетранспарентноста со која се води стечајната постапка на Еуростандард банка, што е нелогично, бидејќи станува збор за голема сума на пари, нема попрецизни сознанија зошто токму овие доверители се најдоа во Одборот.

ФОНДОТ ЌЕ ИМА ПРЕДНОСТ ВО ОБЕШТЕТУВАЊЕТО

Но, како што е познато, штедачите реагираа зошто Фондот за осигурување на депозити ќе има предимство при обештетувањето од стечајната маса, кога тој постојано собира пари од премии од банките, кои се чуваат токму за период кога ќе настане ризичен настан, односно ќе пропадне некоја банка. Тие за ова покренаа и иницијатива пред Уставниот суд, за измена на законската одредба што ја предвидува таа предност на Фондот, но се уште нема информација како одлучиле уставните судии.

Како се дозволи да пропадне оваа банка и да не можат да се наплатат толку многу пари, и натаму останува мистерија. Во расветлување на случајот требаше да помогне надзорната расправа што се одржа во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет, на која беа повикани и испрашувани сите главни актери. Но, јавноста не ги доби клучните одгвори.

Наши извори од Комисијата за буџет велат дека тие можат и во наредниот период било кого да повикаат за да даде објаснувања за некои нејаснотии, или да побараат писмени одговори. Се очекува и дека Комисијата би требало да излезе со одредени заклучоци за пропаста на банката, но таа нив не е задолжена да ги изготви. Но, како и да е, од утре токму на таа комисија почнува расправата за  Буџетот за идната година, така што за целиот период од следните десет дена Комисијата ќе се занимава само со оваа тема, а и по правило не би смеела да работи ништо друго додека трае дебатата за државната каса. Ова од причина што буџетот е приоритетно прашање за државата и тој мора навреме да се донесе. Тоа, пак, значи дека се дотогаш Комисијата нема да се занимава со случајот Еуростандард банка.

ШТЕДАЧИТЕ НЕ ДОЗНАА КАДЕ ЗАВРШИЈА 55 МИЛИОНИ ЕВРА

По надзорната расправа, пак, штедачите информираа дека на неа било недопустливо и непрофесионално отсуството на стечајниот управник, за да ги изнесе фактите за пропаднатата банка до кои тој секако има секојдневен директен пристап и е автор на извештајот за стечајот.

„Нашите заклучоци од оваа расправа се следни: Прво, се работи за организиран криминал. Повеќе излагачи го потврдија овој неспорен факт за којшто има и цврсти докази лесно достапни на истражните органи и органите за прогон. Едноставно, не е можно 149 фирми или 72,6 отсто од кредитното портфолиона правни лица во банката да имаат ултра ризични и ненаплатливи кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра, а да не се работи за добро осмислен и спроведен криминал почнувајќи од2013 година па наваму“, нагласија штедачите во своето соопштение.

Претходно, пак, на расправата, гувернерката Анита Ангеловска Бежовска рече дека одземањето на дозвола за работа на банка е една од најтешките одлуки за секоја централна банка, но централните банки не смеат да дозволат банка да работи спротивно на законските прописи доведувајки ја во прашање стабилноста на  финансиски систем. По исцрпување на сите можности,  дозволата за работа на Еуростандард банка беше одземена заради констатирана несолвентност“, рече таа. 

Додаде дека поради преземање на повисоко ниво на ризик во работењето, Банката во подолг период била под засилен супериворски надзор. 

„Постојано изрекувавме супервизорски мерки и го засилувавме интензитетот на супервизорскиот режим. За илустрација: во последните 8 години,  изрековме околу 70 дополнителни супервизорски мерки, од кои околу 40 само во последниве 2 години.  Со дел од мерките баравме уплата на дополнителен капитал, поаѓајќи од правилото дека поголемиот ризик, бара и поголем капитал за покривање на евентуални загуби. Банката и сопствениците покажуваа одредена респонзивност на изречените мерки, но за жал недоволна“, рече Бежовска.

Дека случајот бил организирам криминал тогаш говореше и сооственикот на банката, Трифун Костовски.

„Говорам за организиран криминал, нема тука боја СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, за мене единствена боја е македонска, во која што сакам да живеам мирно, спокојно и безбедно“, рече Трифун Костовски.

Претходно тој нагласи дека тој организиран криминал не е почнат од пред една година, туку со години наназад. Според него, има елементи, кои што укажуваат дека одлуките за отворање на стечајната постапка не е исправна, бидејќи претходно состојбата на банката била десет пати полоша отколку во моментот кога е донесена одлука за стечај.Тој не се согласи со изјавата на гувернерката дека е направено сѐ банката да не отиде во стечај.

Секако, најголем интерес предизвика прашањето од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, за струмичките фирми.

„Дали знаевте дека 29 струмички фирми кои имале кредити во Еуростандард банка, од кои едната е Сараинжинеринг, на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, и други, дека со години не ги плаќале кредитите земени од банката. Веќе од 22 мај Народна банка имала секојдневен надзор на банката, и дали сте знаеле дека овие 29 струмички фирми, со невраќање на кредитите, ќариле 13 милиони евра. Зошто тоа сте го дозволиле и дали сте биле навреме информирани, праша Милошоски.

НАДЛЕЖНИТЕ ОДАТ ПО ТРАГАТА НА ПАРИТЕ - ЌЕ ОДГОВАРААТ СИТЕ ШТО НАПРАВИЛЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, пак, тогаш објасни дека Управата активно работи на овој случај, ги утврдува причините како дошло до несолвентност на банката, како се давале кредитите и каде завршиле тие пари. 

„Ние истражуваме, а Јавното обвинителство треба да утврди дали ќе оди со истрага или ќе ја запре постапката“, рече Муареми.

Според него, процесот се уште е во предистражна постапка, се уште не е отворена истражна постапка. „Не можеме да кажеме во која насока ќе оди истрагата и не можеме да кажеме каде има вина. Имаме голем број фирми кои се предмет на проверка, за еден дел се веќе обезбедени докази, а други се на листата за кои треба да се обезбедат докази. Инаку, и нас не интересира каде завршиле парите, и ние следиме каква е трагата на парите, бидејќи без тоа нема да можеме да ја затворите истрагата“, рече Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција.

На прашања тогаш одговараше и Љубомир Јовески, јавниот обвинител на земјава, но рече дека детали не може да изнесува.

„Јавното обвинителство ќе ги преземе сите дејствија за обезбедување докази и сите што сториле кривични дела, ќе одговараат пред законот, тоа е сигурно“, рече Јовески.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria