26 Април, 2025
0.0361

ОЛГА КОСТОВСКА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЧЛЕН НА БОРДОТ НА „НЕГОРСКИ БАЊИ“ - сакам целата своја енергија да ја посветам на обновата на Кермес

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Олга Костовска од вчера повеќе не е неизвршен член на Одборот на директори на компанијата „Негорски бањи“. Овие податоци вчера беа објавени во Централниот регистар на земјава.

Односно, со вчерашната промена, во Здравствената установа – природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД од село Негорци, Гевгелија, Костовска излегува од Одборот на директори на компанијата, која семејствто на бизнисменот Трифун Костовски ја купи во далечната 2006 година, и се досега стопанисува со неа.

За информација зошто повеќе не членува во Бордот, Фактор се обрати лично кај Олга Костовска, која ни одговори дека излегува од Управниот одбор на „Негорски бањи“ бидејќи сака целосно да се посвети на својот најнов проект, а тоа е обновата на објектот „Кермес“, кој од поодамна е во нејзина сопственост.

„Во тој проект сакам да ја сконцентрирам целата своја енергија, капацитет и знаење, бидејќи тоа е проектот во кој ја гледам својата иднина. Практично, ќе биде обновен еден објект, една традиција која малкумина ја паметат од далечната 1919 година. Или поконкретно, ќе се роди еден нов објект делумно во своето старо руво, од еден Кермес од 1919 година, една наша историја и традиција која е градена 100 години и која можеби е малку подзаборавена, ќе добие сосема нова содржина. Практично, ќе се роди еден културен центар, една убава галерија која ќе обедини сериозни и реномирани уметници и ќе биде вистинско задоволство за посетителите. Така што, тоа е еден поголем и сериозен проект на кој целосно сакам да му се посветам“, вели Костовска за Фактор.

Костовска открива дека во новиот Кермес секако дека би продолжил да функционира угостителскиот дел, по кој овој култен објект го паметеа многу скопски боеми, а е задржан во сеќавањата и на некои не толку стари генерации. Но, тој ќе биде надграден со една уметничка нота, со што се очекува да блесне во сосема нов лик.

Засега не се открива колку средства ќе бидат инвестирани во обновата на Кермес. Но, според Костовска, ќе биде потребно да помине околу една година за да го очекуваме отворањето на возобновениот објект.

Како што е познато, некогаш култниот Кермес беше практично во урнатини цели 15 години. Олга Костовска вели дека објектот е во нејзина сопственост.

Инаку, постоеше спор со градот за дел од парцелите околу објектот, но тој конечно завршил во полза на сопственикот.

Костовска нагласува и дека целиот состав на Одборот на директори на „Негорски бањи“ и натаму останува истиот, така што, како што вели, нејзиното излегување оттаму нема апсолутно ништо да промени.

Пред повеќе од 14 години, односно во далечната 2006 година, во јуни, швајцарската компанија „Гофи“ во која главни акционери се семејството Костовски, стана сопственик на над 52 отсто од акциите на „Негорски бањи“, преку три блок трансакции. Новиот сопственик за овој дел од „Негорски Бањи“ тогаш плати 32 милиони денари или околу 500.000 евра.

А, според информации што Фактор ги има објавено за 2016 година, компанијата „Негорски бањи“ работела сосема успешно во тој период. Односно, во таа година оваа бања имала приход од 98,16 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра. Добивката на компанијата изнесувала 9,8 милиони денари односно над 150.000 евра. Или, добивката била 10 отсто од приходите од продажба.

Инаку, во интервју кое за Фактор го даде Трифун Костовски кон крајот на минатата година, тој рече дека неговите други бизниси, меѓу кои и „Негорски бањи“, освен банката за која и тогаш беше познато дека не е во кондиција, се во добра состојба. 

Останатите бизниси се во добра кондиција. Бањата е профитабилна (се мисли на Негорски бањи-н.з.), „Култура“ е профитабилна, Еуролинк осигурување е профитабилен (интервјуто беше правено пред продажбата на Еуролинк осигурување - н.з)., единствено банката се соочуваше со проблеми, кои претежно се должеа на лоша кадровска политика и лоша изложеност на банката“, рече тогаш Костовски.

А како што е познато и како што веќе пишуваше Фактор, кон крајот на март годинава австриската Граве осигурување и официјално стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување, која дотогаш беше раководена од Олга Костовска, и која важеше за еден од најуспешните бизниси на семејството Костовски. За Еуролинк осигурување Граве плати сума од 17,5 милиони евра.

На 12 август годинава, пак, Народна банка на Македонија и ја одздде дозволата за работа на Еуростандард банка, сопственост на бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста, по што врз банката беше отворена стечајна постапка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа