09 Мај, 2024
0.0279

ЕХФ за нашите ракометари: „Лудата дружина која мерка медал“

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Очигледно дека нашите ракометни репрезентативци кои на ова Европско првенство покажуваат борбеност на терен и силна желба за што подобар пласман го привлекоа вниманието на голем дел од светската јавност.

ЕХФ им посвети уште еден текст во кој ги нарече „Лудата дружина која мерка медал“.

„Лудата банда има едно око на медал“, стои во насловот на текстот. Авторот на текстов вели дека Македонија сигурно има искуство и квалитет за големи дострели, бидејќи во составот игра ракометари како Борко Ристовски, Дејан Манасков и Кирил Лазаров.

„Ако некој пред првенството ни кажеше дека ќе имаме пет бода и ќе бидеме прво по првата рунда, ќе му кажев дека е луд“ -вели Борко Ристосвки.

Најголемиот успех на Македонија е петтото место на Европското првенство во Србија, но во ЕХФ сметаат дека нашиот национален тим оваа година може многу повеќе, најмногу поради селекторот Раул Гонзалес, кој изминатата сезона го предводеше Вардар до титулата во Лига на шампиони.

На крајот ЕХФ ја завршува сторијата со следниве зборови:

-Има уште многу пред тоа да го постигнат и патот е тежок, со ривали како Шпанија и Данска. Сепак, ако некој тим може да го оствари невозможното тоа мора да е Македонија. Доволно се луди за такво нешто, зарем не?

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Информација плус:

Судиската комисија на ЕХФ вчера пак ги одреди судиите за утрешните натпревари на Европското ракометно првенство во Хрватска, меѓу кои и дуелот меѓу Македонија и Шпанија.

Натпреварот на кој ќе настапи нашата репрезентација им е доделен на Белорусите Андреј Хуско и Сjархеј Репкин, кои ќе ни судат вторпат на ова првенство. Токму оваа судиска двојка ја делеше правдата на последниот меч на Македонија против Германија кој заврши со нерешен резултат 25:25.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“