15 Мај, 2024
0.0272

ЕКОНОМИЈА ЗА ВТОРАТА ПОГРЕШНА СЛИКА: Целта ни беше да прикажеме природа, а не да ги промовираме нашите убавини

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Целта на ваучерите за домашен туризам беше прикажување на природа, а не промовирање на одредена дестинација на земјава, велат од Министерството за економија за Фактор, откако денеска се појави нова „погрешна“ слика токму на ваучерот за туризам, која сега не може да биде променета.

Откако целата кампања за ваучерите беше промовирана со фотографија од местото Конигсе, Германија, денеска се појавува нова грешка, односно се дознава дека и на самиот ваучер за туризам, ставена е фотографија исто така од друга држава, но овој пат не од германско, туку од француско езеро, односно од езерото Анисе во Франција. 

Фактор го праша Министерството за економија зошто не е сменета и втората погрешна слика, која се наоѓа на ваучерот за туризам.

„Сликите се сменети и укажуваме дека платформата во моментот има за цел на луѓето да им испрати ваучери на нивните меил адреси и на угостителските објекти да им овозможи да се регистрираат на истата, со цел прифаќање на ваучерите за одмор. Ваучерите се веќе пратени до сите вработени лица кои имаат приходи до 15.000 денари и истите се регистрирани во Платформата домасиедома/pushimenevend со QR код и ПИН код на име на сопстевниците на Ваучери“, велат од Министерството за економија.

На нашето прашање чија е одговорноста за овие два големи лапсузи, од Економија велат дека за поставените слики Министерството за економија веќе им се извинило на граѓаните. Но, укажуваат дека целта на сликите е прикажување природа, а не да се промовира одредена дестинација во земјава.

„Но, истовремено укажуваме дека целта на сликите беше прикажување на природа, но не промовирање на одредена дестинација во Република Северна Македонија. При доградување на платформата, на неа ќе бидат прикажани убавините на нашата држава“, потенцираат од Економија.

Се интересиравме и кој точно, односно на која агенција и беше доделена од страна на Владата кампањата за ваучерите за домашен туризам, и како била избрана агенцијата или субјектот што ја правел кампањата.

Од ресорот на министерот Крешник Бектеши велат дека за презентирање на Платформата од страна на Министерството за економија „немало конкретна кампања освен транспарентно, навремено и отворено презентирање на Уредбата и кординацијата со приватниот сектор, се со цел што поголем број на угостителски капацитети да се пријават на истата за да граѓаните имаат поголема понуда за искористување на ваучерите“.

А Фактор вчера пишуваше за погрешната фотографија на насловната страна на кампањата за промоција на домашниот туризам, за која реагираше и самиот британски фотограф.  

Потоа Министерството за економија објави дека е сменета погрешната фотографија. 

Оттаму изјавија дека фотографијата која и претходно постоеше, била преземена со сите авторски права.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој