ЕКОНОМИЈА: СМЕНЕТА Е СПОРНАТА ФОТОГРАФИЈА - и претходната беше преземена со сите авторски права
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020
Сменета е спорната фотографија која е употребена на платформата „Дома си е дома“, соопшти Министерството за економија.
Оттаму велат дека фотографијата која и претходно постоеше, била преземена со сите авторски права.
„Во врска со фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, сакаме да ве известиме дека фотографијата е преземена со сите авторски права.
Во исто време Ве информираме дека Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени со нова фотографија од домашна туристичка дестинација.
Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот го ставаме на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија.
Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, каде што дополнително сите граѓани кои што ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата“, велат во своето соопштение од Министерството за економија.
Претходно Фактор пишуваше за фотографијата која е преземена од британски фотограф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.