25 Ноември, 2024
0.0274

КОЈ Е „КАБАЕТ“ ЗА ФОТКАТА СО ЕЗЕРОТО - сајтот го правеле Економија, велат било брзање, ќе има убави домашни фотографии

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако социјалните мрежи зовреа поради фактот што во владината кампања „Дома си е дома“, со која се промовира летување во домашните туристички дестинации, а за што граѓаните ќе добијат и ваучер за туризам на сума од 6.000 денари, е користена фотографија од езеро кое не се наоѓа во земјава, туку во странство, односно во Германија, Фактор ја праша Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во земјава зошто е направен таков пропуст.

Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за Фактор вели дека оваа агенција не учествувала во изработката на сајтот и не и биле побарани фотографии, и затоа таа не била задолжена за избор на фотографиите за кампањата.

Односно, според неговите сознанија, за тие кампањи биле задолжени или од Министерството за економија, или од Министерството за финансии.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја води кампањата ‚Дома си е дома' веќе два месеци. Но, Министерството за економија и Министерството за финансии се задолжени за изработка на сајтот и на ваучер системот. На Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот не и беа побарани фотографии, ниту учествуваше во изработката на сајтот. Ние сега ја работиме кампањата ‚Дома си е дома', значи снимаме 10 видеа, промоција и се што е неопходно за кампањата. Но, за тие фотографии за сајтот не бевме задолжени, така што, од каде биле користени тие фотографии и зошто биле избрани такви фотографии, нека кажат надлежните институции“, вели Љупчо Јаневски, прв човек на Агенцијата за Фактор.

Од Министерството за финансии ни објаснија дека тие биле надлежни за изработка на сајтот за домашната платежна картичка, а дека за ваучерите за домашен туризам се задолжени Министерството за економија.

Фактор го праша и Министерството за економија зошто е направен ваков пропуст. 

Од Министерството за економија велат дека во интерес на времето и со желба да се фокусираат на функционалноста, одбрале слики со природа. Нагласуваат дека пшлатформата ќе биде надградена со голем број фотографии од нашата држава.

„Во интерес на времето и со желба да се фокусираме на функсионалноста на платформата одбрани се слики со природа. Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката акцентот е ставен на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија

Платформата ке биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде ке можат нашите граѓани да ги користат Ваучерите за одмор и сигурно дека таму ке бидат ставени слики и податоци за убавините на нашата Држава“, велат од Министерството за економија за Фактор.

А како што објавуваат дел од медиумите во земјава, таа фотографија била на британскиот фотограф Симон Мигај, кој на социјалните мрежи веќе објавил дека неговата фотографија од Езерото Кенигс станала популарна во политичката кампања во Македонија.

Инаку, токму за кампањата „Дома си е дома“ денеска Агенцијата за промоциуја и поддршка на туризмот снимаше видео на Смоларски водопади.

Јаневски објави и фотографии од Смоларските водопади на својот фејсбук профил.

Инаку, Фактор веќе пишуваше дека во голем број хотели, вили, апартманеи како и приватни станови, односно над 4.000 на број, ќе можат да се користат ваучерите за домашен туризам.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти