ЕРДОГАН НЕМА ДА СЕ ПИШМАНИ: Ако САД воведе санкции за Турција, тогаш се затвора Инџерлик
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2019
-Наше е да ја донесеме одлуката за затворање на базата Инџирлик. Ако треба, тоа ќе се направи, ние ќе ја затвориме и Инџирлик и Куреџик-дециден е турскиот претседател.
Оваа закана ќе се оствари доколку Соединетите Американски Држави и воведат санкции на Турција.
Ердоган, како што пренесуваат медиумите од регионот, додал дека за двете страни е важно САД да не преземат чекори кои потоа би било невозможно да се поправат.
-Секако, Турција ќе даде одговор на било кои санкции на САД-порачал Ердоган. Во базата Куреџик се инсталирани елементи од европски систем на противракетна одбрана.
Претходно, и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, исто така, рече дека Анкара би можела да побара од САД да ги повлечат своите трупи од базата Инџерлик, доколку Вашингтон наметне санкции за да го купи системот С-400 од Русија.