06 Мај, 2024
0.0236

ЕСМ за исплатениот К15: Им помогнавме на вработените, толкувањето на Министерството не е меродавно

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ редовно исплаќа К15 во последните три години, за разлика од претходно, кога во компанијата регресот за годишен одмор не се исплаќал и новото раководство се соочи со тужбени барања од работниците за исплата на заостанатиот К15, соопштија денска од државната компанија. Соопштението следува по текстот на Фактор за исплатениот регрес за годишен одмор за годинава во јуни во вкупна вредност од 166 милиони денари или над два ипол милиони евра, во време кога земјата се соочува со економска криза во услови на пандемија на Ковид-19.

Објаснуваат дека новото раководство ги исплатило заостанатите регреси и тужбените барања за други неисплаќани законски надоместоци во минатото.

„Секоја година К15 се исплаќаше во месец мај, а годинава се исплати во месец јуни,  откако Владата со уредба не задолжи работниците да го искористат годишниот одмор во јуни и откако за исплатата немаше законска пречка. АД ЕСМ не зема средства од државниот буџет, напротив, го полни државниот буџет, и парите за К15 беа резервирани во буџетот на АД ЕСМ уште во 2019 година. АД ЕСМ е свесен дека треба да се помогне на секој еден граѓанин во оваа ситуација на криза и да се поттикне јавната потрошувачка, што се постигна со исплатата на регресот спрема 5.600 семејства, соопштуваат оттаму.

Додаваат и дека на исплатената сума платен е и персонален данок кон Mинистерството за финасии од 16 милиони денари, што значи дека се влезени средства и во државниот буџет.

„Напоменуваме дека АД ЕСМ исплаќа милионски суми во текот на годината за донации и други видови помош спрема различни државни и приватни субјекти. Исто така, членовите на Управниот одбор своите плати над износот од 14.500 ден. ги уплатија во фондот за борба против КОВИД. Од тие причини, потенцираме дека исплатата кон своите вработени АД ЕСМ ја изврши исклучиво согласно Законот за работни односи и Колективниот договор потпишан со Синдикатот, додаваат оттаму.

Велат и дека за компанијата не е меродавно толкувањето од Mинистерството за финансии дали исплатата кон работниците е коректна, морална и етичка, особено во услови на криза кога државата прави напори да помогне на сите.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години