08 Мај, 2024
0.0238

Еве зошто на плус 39 не смеете да пиете кафе

Објавено во: Стил 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Сите се радуваме кога е сончево времето, а посебно оние кои се во прилика во текот на денот да скокнат до својот омилен кафич на кафе со пријателите. Сепак, на тропските горештини ова воопшто не е добра идеја.

Иако на прв поглед влијае дека шолјата кафе, која има моќ да ни го подигне притисокот, би можела да биде одлична превенција против топлиот удар, тоа не е така.

СРЦЕ

Проблемот е во тоа што кафето (баш како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го подига крвниот притисок, го забрзува пулсот, па дури може и да предизвика прескокнување на срцето. За жал, тоа подигање на крвниот притисок е само моментално, а токму после престанувањето на дејството на кофеинот, може да дојде најлошото. Сигурни сме дека не сакате да ви се слоши, а уште помалку да доживеете инфаркт или мозочен удар.

ПОТЕЊЕ

Исто така, кофеинот е силен диуретик, што значи дека поттикнува брзо излачување на течноста од организмот, без разлика дали е потење, или често одење во тоалет, што доведува до дехидрирање. Проблемот е  во тоа што заедно, со течноста , од телотo одат и многу драгоцени минерали, како што се сол, железо, магнезиуми или калциум.

УБАВИНА

Уште една лоша работа, за оние кои имаат шанса деновиве да се сончаат и сакаат што побрзо да поцрнат, е тоа што со своето својство на дехидација, кафето ја исушува кожата и на тој начин доведува до побрзо создавање на бори.

РАСПОЛОЖЕНИЕ

Што се однесува до психата, ни овде кафето и топлината не се добра комбинација, бидејќи кафето го зголемува лачењето на хормонот на стрес, адреналин и кортизол, што во загушливиот градски сообраќај без клима може само да ви ги зголеми симптомите на анкциознот, но ќе доведе до тоа да ви „падне шеќерот“.

НЕСОНИЦА

Исто така, во лето се подолги деновите, а во текот на врелите ноќи и така спиеме помалку, а кафето кои инаку ни ја крева будноста, дефинитивно не е пријател на квалитетниот сон.

УБИВАЧКА КОМБИНАЦИЈА

Посебно е опасно ако се определите за ладно кафе со многу шеќер и млеко. Не само да е во прашање калориска бомба која ве дебелее, туку никако не е добро ни за здравјето. Ем што може да ви скокне шеќерот, ем што никогаш не можете да бидете сигурни во квалитетот на млекото, што може со денови да ве врзе за WC-школката.

АКО БАШ МОРАТЕ...

Доколку сте до таа мерка зависни да веќе однапред знаете дека нема да го послушате советот кафе да не пиете воопшто - напијте се само едно, утринско кафе и тоа она црно, без шеќер или млеко - и тоа никако на празен стомак.

Иако тоа звучи обратно, експерти советуваат кафето да биде ТОПЛО! Бидејќи , топлите пијалоци и супа, дури и во најлошите горештини, всушност ја поттикнуваат терморегулацијата, и после првиот мозочен удар, ни пружат чуство да се разладиме.