02 Мај, 2024
0.0258

Европската народна партија не сака Мукоски, Тарчуловски и останатите да бидат „терористи“

Објавено во: Свет 14 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Европската Народна Партија при парламентарното Собрание на ОБСЕ усвои изјава со која се осудува насилството, кршењето на Уставот, законите и процедурите при нелегалното апсење на пратениците со цел нивно лишување од слобода, со уште постоечки имунитет, мислејќи на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски кои се обвинети дека учествувале, односно помогнале во настаните од 27 април оваа година. 

 ЕПП ја нотира нехуманоста и нечовечкиот пристап на полицијата која во раните утрински часови со примена на прекумерна сила извршила упад во домовите на пратениците.
   
„ЕПП ја изразуваат својата загриженост за вознемирувачките и загрижувачки информации дека специјалните полициски сили на Владата спровеле рации во домовите на шест парламентарци и дека пратениците биле уапсени и притворени од страна на полицијата без укинување на нивниот имунитет минатиот ноември во 2017 година. Упаѓањето во домовите на парламентарците и вршење рации во раните утрински часови и заплашување на цели семејства, вклучувајќи ги и малите деца и старите членови на семејството во семејствата на пратениците испраќа погрешна порака до целата земја и до целото општество“ - се вели меѓудругото во извештајот на ЕПП.
   
Од партијата велат дека полициските сили не ги следат правните и уставните процедури, кои јасно велат дека пратениците не можат да бидат притворени, уапсени или затворени, без да им се укине имунитетот.

„Повикуваме да се изврши постапка за надзор и да следува одговорност кога ќе се докаже кршењето на гореспоменатите процедури. Ние ја изразуваме својата загриженост поради неколкумесечниот притвор на пратениците, што значи дека тие беа спречени да учествуваат во работата на Собранието на Република Македонија. Ние изразуваме загриженост за употребата на зборот „тероризам“ во обвиненијата против пратениците. Обвиненијата за „тероризам“ се премногу сериозни за да бидат широко користени и треба да се користат внимателно и во јасни случаи и да не се злоупотребуваат во политички спорови и како политички инструмент за политички прогон против политичката опозиција и политичките конкуренти“ - се вели во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа