09 Мај, 2024
0.0338

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска има бурни реакции за смената на доктор Јовев

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

РЕАКЦИИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЈОВЕВ

Социјалните мрежи се вжештија по објавата дека првиот човек на Државна кардиохирургија, проф. Сашко Јовев е разрешен од страна на министерот за здрвство, Фатмир Меџити. Јавноста не се смирува, посебно поради тоа што проф. Јовев од страна на министерот е окарактеризиран како лекар кој ништо не сработел.

Граѓаните револтирано пишуваат обраќајќи се и до премиерот Димитар Ковачевски:

-Пред десетина дена Ковачевски се гордееше со Сашко, каде е сега да реагира.

- Црно ни се пишува се додека овие наши абдали молчат.

-Уште колку ќе толерираме вакви неранимајковци

Очекував ваква поддршка. Ова е мојот тим, има и пациенти кои се дојдени да дадат поддршка. Не сакаме да се работи за политика, сакаме да се работи професионално, да бидат задоволни сите, ние се жртвуваме за оваа држава. Во 35 години работење, немам ниту еден ден боледување. Минатата година имав такви притисоци, поради кои морав да земам боледување.

Ова го кажа разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката како и пациенти кои се насобраа пред клиниката.

И д-р Ненад Лазаров во неколку наврати денесека реагира на разрешувањето на професорот Сашко Јовев од директорската позиција на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој, како што вели во неговата објава на Фејсбук, најдобронамерно му порача на министерот за здравство, Фатмир Меџити да ја повлече одлуката и да ја намали штетата.

ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

На денешната владина седница е именуван нов, в.д. директор на Јавното претпријатие Железници.

-Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, се вели во владиното соопштение.

РУСИТЕ ЈА ОШТЕТИЈА БРАНАТА ВО НОВА КАХОВКА ВО УКРАИНА

Илјадници луѓе се евакуирани откако во текот на ноќта пукна брана во областа Херсон во Украина.

Десетици градови се поплавени, а долгорочната ситуација е опишана како „еколошка катастрофа“, јавува Би-би-си. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за минирање на браната, додека Москва тврди дека уривањето било „намерен чин на саботажа“ од Киев. Рускиот истражен комитет објави дека покренал кривична истрага. Во меѓувреме, Киев соопшти дека отворил истрага за воени злосторства.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сумата можеби не беше голема, но факт е дека некој реши одеднаш да плати 43 илјади евра за акции на НЛБ Банка.

Драган Наков, син на Штерјо Наков, заедно со Филип Мишевски, го преземаат управувањето и раководењето со „Хотели Метропол“ Охрид. 

Компанијата Жито Полог се огласи во врска со промените во нејзината акционерска структура. 

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од годинава ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година остварило добивка од приближно 3,5 милијарди денари, или неверојатни 56 милиони евра, остварени за 2022.

Народната банка бара четворица кандидати за работа во неколку сектори, а огласот е објавен на нивната веб страна.

Акционерското друштво „Пелистерка“ доби опомена од Одборот на директори на Берзата. 

Дел од граѓаните веќе почнале да набавуваат дрва за огрев за претстојната грејна сезона. Ова го потврдуваат од ЈП„Национални шуми“. Сепак како што наведуваат, во следниот период, побарувачката на дрва за огрев ќе се интензивира.

Можеби ќе ве интересира

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ОСВОИ НАД 560 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ, ПЕНДАРОВСКИ БЛИЗУ 252 ИЛЈАДИ - најнови податоци од Државната изборна комисија

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ОСВОИ НАД 560 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ, ПЕНДАРОВСКИ БЛИЗУ 252 ИЛЈАДИ - најнови податоци од Државната изборна комисија

ЕВЕ ГИ НАЈНОВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК - ВМРО-ДПМНЕ ИМА 58 ПРАТЕНИЦИ, ДУИ 19, СДСМ 18 - Влен е со 13, а Левица и ЗНАМ со по шест

ЕВЕ ГИ НАЈНОВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК - ВМРО-ДПМНЕ ИМА 58 ПРАТЕНИЦИ, ДУИ 19, СДСМ 18 - Влен е со 13, а Левица и ЗНАМ со по шест

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот