02 Мај, 2024
0.0273

Фатмир Битиќи: Претпријатијата ќе ги канат граѓаните за отпис на каматите

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи даде објаснувања за тоа како ќе се враќаат каматите на долговите на граѓаните, како една од мерките вклучени во 5-тиот економски пакет.

„Подготвени се законски измени. Граѓаните ќе бидат навремено информирани. Ќе имаат доволно време и уште еднаш појаснив дека тоа ќе трае 5 месеци. Граѓаните ќе бидат поканети индивидуално, според распоредот кога треба да одат во јавните претпријатија. Ова е направено пред сè, зпоради здравјето на граѓаните и тие мора да го почитуваат за да не создадат непотребен хаос пред институциите“, рече Битиќи на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека ќе се прават распореди за да не се загрози здравјето на граѓаните. Во меѓувреме, тој појасни за условите за отплата:

-  мора да постојат долгови постари од 3 месеци и граѓаните да имаат желба да ги подмират обврските во моментот на репрограмирање на долговите кон институциите. Зборуваме за долгови што се создадени до ноември 2020 година, рече Битиќи.

Во 5-тиот економски пакет е предвидена отплата на каматата за граѓаните кои имаат долгови кон јавните и општинските претпријатија.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?