ФИНЦИТЕ НАЈСРЕЌНИ: Maкедонците во друштво на несреќните народи
Објавено во: Свет 26 Јули, 2019
Финците се најсреќни луѓе на светот.
Светскиот извештај за среќа “World Happiness Report”, кој секоја година го прават Обединетите нации, покажа дека најсреќните луѓе во светот живеат во Финска.
На листата Словенија е на 44 место, Косово на 46, Србија на 70, Хрватска на 75 место, Босна и Херцеговина е 78 место.
Македонија е на 84 место на листата и е меѓу најнесреќните земји во регионот.
При составувањето на листата се зема предвид, БДП по глава на жител, социјална поддршка, очекуваниот животен век, слобода во донесување на животни одлуки, великодушност и перцепција за корупција.
Во првите пет најсреќни, освен Финците, влегоа и Данците, Норвежаните, Исланѓаните, како и Холанѓаните.
Најнесреќни се луѓето во Јужен Судан, Централноафриканска Република, Танзанија и Авганистан.