ФОЛКСВАГЕН СЕ ШИРИ ВО КИНА - најавија инвестиција од 2,5 милијарди евра
Објавено во: Економија 13 Април, 2024
Фолксваген ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот и иновациски центар во кинескиот град Хефеи.
Центарот во Хефеи ќе и помогне на компанијата да донесе технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведе повеќе електрични возила, рече Ралф Брандштатер, член на управниот одбор на групацијата Volkswagen за Кина.
Фолксваген се подготвува да произведе два модела од марката Фолксваген во Кина, кои ги развива во соработка со кинескиот партнер XPENG, соопштија вчера, додавајќи дека производството треба да започне во 2026 година.
На крајот на 2022 година, Volkswagen ја загуби „титулата“ на најпродавана марка на автомобили во Кина, која ја узурпира домашниот производител на електрични возила BYD. Германската компанија најави голем број нови модели во електрификацијата на кинеското портфолио со цел да го врати изгубениот удел на најголемиот автомобилски пазар во светот.