ФОТО: Грчките пензионери на протест - полицијата ги растерува со солзавец
Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2016
Грчките специјалци со солзавец денеска спречија група пензионери да се доближат до премиерската палата во Атина.
Револтираните пензионери наидоа на полициска блокада и со раце сакаа да го отстранат поставениот полициски автобус. Во грчките медиуми имаше многу реакции поради начинот на кој полицијата се обиде да ги запре
пензионерите и фрли солзавец кон нив.
Тие бараат грчкиот премиер Алексис Ципрас да ги прими нивните претставници и да ги слушне нивните ставови. Намалувањата на пензиите и континуираните кратења се причина стотици пензионери да излезат на протест во Атина, кој започна мирно, но наиде на полициска блокада и солзавец.
Пензионерите извикуваа слогани против Владата и ги повикаа сите Грци да им се придружат и да им дадат поддршка.
Грчката Влада оваа година ги намали
пензиите во рамки на преземените
обврски кон меѓународните кредитори, за да биде одобрен третиот спасувачки
пакет финансиска помош.