(ФОТО) МЕСЕЧИНАТА Е ПРЕДАЛЕКУ ЗА ИЗРАЕЛЦИТЕ: Вселенскиот брод кој патуваше седум недели се урна
Објавено во: Свет 12 Април, 2019
Израелскиот вселенски брод без екипаж „Берешит“ се урна при слетувањето на Месечината, како последица на низа технички дефекти.
Со ова се уништени надежите во историско контролирано слетување на ова небесно тело.
22 kilometers from the Moon! #IsraelToTheMoon #SpaceIL #Beresheet pic.twitter.com/uw1wAFmt0S
— Israel To The Moon (@TeamSpaceIL) April 11, 2019
Како што пренесоа светските медиуми, тимот за поддршка соопштил дека леталото се урнало како последица на периодично откажување на моторот и прекин на комуникацијата во текот на слетувањето кое траело 21 минута.
Леталото „Берешит“ во вселената патувало седум недели, а во просторот на месечевата гравитација влегло минатата недела.
Последниот маневар вчера го приближил леталото помеѓу 15 и 17 километри од површината на Месечината.