(ФОТО) НАПАД ВО ЏАМИЈА: Колку луѓе загинаа?
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2017
Најмалку 184 луѓе загинаа во еден од најсмртоносните напади во Синај во Египет, објавија државните медиуми, пренесе АФП.
Експлозијата на бомбата одекна низ џамијата Равда, која се наоѓа околу 40 километри западно од главниот град на Северен Синај Ел-Ариш.
Државната телевизија објави дека најмалку 184 лица загинале, а 125 се повредени во нападот, што е без преседан во четиригодишниот бунт на исламистичките екстремистички групи.
Во операцијата по нападот на џамијата во северниот дел на Синај египетските безбедносни сили убиле 15 екстремисти.
За нив се верува дека учествувале во нападот врз џамијата.
Против напаѓачите се користени и беспилотни летала, а акцијата продолжува.