(ФОТО) Престолнина ги бои улиците во сино, имаат добра причина зошто ова го прават
Објавено во: Свет 27 Август, 2019
Доха добива улици во сина боја.
Катар почнува да реализира експериментален проект за боење на улиците во сина боја во центарот на Доха. Пилот проектот е за борбата против екстремните горештини.
„Температурата на темниот асфалт е 20 степени Целзиусови повисока од вистинската температура, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина“, вели градскиот инженер на Доха, Саад Ел Досери, пренесува катарска „Раја“.
Боењето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.
Засега се обоени централните улици каде температурата поради недостаток на дрвја може да се искачи и до 50 степени Целзиусови.