(ФОТО) Запознајте го наследникот на Путин
Објавено во: Свет, Стил 07 Февруари, 2016
Заменик министерот за одбрана, во Русија има имиџ на херој на војската и е единствен кој ја поседува харизма која што може да се мери со онаа на Путин.
Токму Алексеј Дјумин e човекот на кого Владимир Путин се спрема да му ја отстапи претседателската фотелја, пишува „Дејли Меил”.
Аналитичарите очекуваат 63-годишниот Владимир Путин да се кандидира на изборите во 2018-та година, но сметаат дека тоа ќе биде неговиот последен мандат. Се претпоставува дека постои можност некаде кон 2020-та година Путин да му го предаде мандатот токму на Дјумин.
Путин веќе му ја доверил првата задача на Дјумин на долгиот пат кон превземање на власта во Москва – гувернерското место во регионот Тула.
Дјумин инаку е поранешен телохранител на Путин и негов близок пријател, но и голман во хокејарскиот тим на претседателот на Русија.
Дјумин е познат и како човек кој успешно ја водел операцијата за отстранување на симнатиот Виктор Јанукович во Украина, но и како човек што бил заповедник на руските специјалци што ја играле клучната улога во заземањето на Крим. За ова тој од Путин доби медал за храброст, титулата Херој на Русија и беше унапреден во чинот генерал.