(ФОТО+ВИДЕО) Во Далмација по удар на циклон водата стигна до првите кафулиња
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2019
Mедитерански циклон ноќеска ја погоди Хрватска.
Бурата го погодила градот Ровињ каде веќе наврнале 70 литри дожд по квадратен метар, а навечер силниот дожд зафатил поголем дел од Далмација.
Циклонскиот центар сега се наоѓа над северното Јадранско море и брзо се спушта до Далмација, каде ќе биде наредните неколку часа.
Во градот Сплит ветерот се движел со брзина од 114 километри на час.
Имало плима, а на сплитското крајбрежје бранови допирале и до првите кафулиња.
Oткако се вршат мерења, во ноември оваа година имало највисоко ниво на морето во Далмација. По втор пат за месец дена се зголемува нивото на морето.
фото 24 сата