02 Мај, 2024
0.0274

ФРАНЦИЈА ПОД ОПСАДА: Во пресрет на изборите откажани сите претседателски собири-Оланд најавува внимание!

Објавено во: Свет 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Последниот ден од кампањата за претседателските избори во Франција е пореметен поради екстремистичкиот напад на Шанзелизе (Елисејските полиња), во центарот на Париз, во кој е убиен еден полицаец, додека двајца полицајци и една туристка се повредени.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети во телевизиска изјава апсолутно внимание да се обезбедат претседателските избори, чиј прв круг се одржува во недела.

Во моментот кога се случил нападот главните претседателски кандидати ги давале последните предиборни изјави на ТВ. Тие го осудиле нападот и изразиле поддршка на силите за безбедност.

Кандидатката на крајната десница Марин ле Пен, кандидатот на десницата Франсоа Фијон и кандидатот на центарот Емануел Макрон ги откажале своите последни собири предвидени за денес во внатрешноста на земјата.

Францускиот претседателски кандидат Емануел Макрон ги моли француските гласачи да останат со „ладна глава“ поради пукањето на Елисејските полиња каде загина еден полицаец.

Говорејќи денес Макрон рекол: „Она што напаѓачите го сакаат е смрт, симболизам, да сеат паника и да го рушат демократскиот процес, што се претседателските избори“.

Макрон кој е моментален фаворит, рекол дека ги откажал денешните активности поврзани со кампањата поради „достоинство“ и како би и дозволил на полицијата да ги насочи ресурсите на истражување на нападот.

На прашањето дали нападот ќе се одрази на претседателските избори во неделата, рекол дека не знае.

Тој се заколнал дека доколку победи, внатре неколку недели ќе формира работна група која ќе соработува со француските разузнавачки служби со цел борба против терористичката група Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот од синоќа.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа