03 Мај, 2024
0.0255

(ГАЛЕРИЈА) Шекеринска во САД на средби со високи претставници од Белата куќа и Стејт Департментот

Објавено во: Свет 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ја заокружи официјалната посета на САД со средба со Вилијам Беркли, директор за европски прашања во Националниот совет за безбедност при Белата куќа, а во Стејт Департментот имаше средба и со Тина Кајданоу, помошник секретар за политички и воени работи.

На средбите министерката зборуваше за реформските процеси во Македонија, но и за придонесот на нашата држава кон глобалната безбедност, реафирмирајќи ја стратешката определба на граѓаните, политичките партии и Владата на Република Македонија за полноправно членство во Северноатлантската алијанса. „Членството на Македонија во НАТО ќе значи успех не само за нашата држава, туку и за САД и НАТО, и ќе има големо влијание врз стабилноста и безбедноста во регионот“, рече министерката.

Директорот за европски прашања во Националниот совет за безбедност при Белата куќа, Вилијам Беркли рече дека во Белата куќа внимателно се следи развојот на настаните во Македонија. Тој потенцираше дека Македонија има сојузници во Белата куќа, способноста на Владата да испорача реформи и да ги решава проблемите со преговори ја нарече голем аргумент за успехот на земјата, и потврди дека успехот на Македонија да добие покана за членство во НАТO ќе биде пример кој ќе влијае на развојот на настаните и во другите земји од регионот.

Тина Кајданоу од Стејт Департментот рече дека промената во Македонија само една година по политичката криза е видлива. „Македонија е важен партнер за САД и така ќе остане, и ја имате нашата поддршка во решавањето на предизвиците на патот кон НАТО, бидејќи членството на Македонија во НАТО е важно за стабилноста на целиот регион“, рече Кајданоу.

Министерката Шекеринска имаше средби и со потпретседателката на Националниот демократски институт Шари Браун и регионалниот директор за централна и источна Европа, Роберт Бенјамин.

 Со полагање на венец на Гробот на непознатиот војник на националните воени гробишта Арлингтон, министерката Шекеринска ја заврши официјалната посета на САД. 

   Во текот на официјалната посета на заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на САД беше потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Шекеринска се сретна со американскиот колега Матис кој ја реафирмираше американската поддршка за членството на Македонија во НАТО, а имаше и средби со високи официјални претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, Конгресот и Сенатот.



Можеби ќе ве интересира

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)