Добивај вести на Viber
Американскиот конголемарт „General electric“ во следните пет години ќе инвестира над 300 милиони долари, во развој на нови технологии во Индонезија, една од најбрзо растечките економии во светот.
„General electric“ ќе соработува со државната компанија ПЛН; нафтената фирма Пертамина, националниот авиопревозник Гаруда Индонезија и железничкиот оператор Карета Апи Индонезија“, изјави портпаролката на ГЕ Индонезија, Аријавита Пурнама. Проектите ќе го опфатат технолошкиот развој во областа на руралната заштита, електрични постројки на биомаса и развој на железниците, реќе Пурнама