ГИ ЦЕНАТ РАБОТНИЦИТЕ: Ова е земја која нуди високи плати и многу можности
Објавено во: Економија 02 Декември, 2020
Швајцарија и скандинавските земји најмногу ги ценат работниците.
Земја која нуди најмногу можности за работниците е Швајцарија. Таа е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокусот кон таленти. Швајцарија е земја која привлекува професионалци од странство со висок животен стандард и високи плати.
Зад неа се Данска, Луксембург, Исланд и Шведска на светската ранг листа за таленти на IMD. Зад нив се најдоа Австрија, Норвешка, Канада, Сингапур и Холандија.