Гостиварка ограбувала супермаркет во Гостивар
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2023
МВР извести дека гостиварка е уапсена додека вршела „тешка кражба“ среде бел ден во гостуварски супермаркет.
„Вчера во 14:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода С.Ш.(36) од Гостивар.Таа била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“, се вели во полицискиот билтен.
С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.