02 Мај, 2024
0.0266

Готемолер: Членството во НАТО ги забрзува реформите во Македонија

Објавено во: Свет 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик генералниот секретар на НАТО, Рос Готемолер, за Алсат М. ги наброја придобивките за Македонија од членството во Алијанста, а меѓу нив е забрзувањето на реформите во земјата со самото интегрирање.

„Генерално, придобивките се во тоа што ќе се забрзаат реформите, ќе се подобрат капацитетите во одбраната и во останатите важни институции за зачувување на безбедноста. Ние ова го гледаме како голема придобивка. Но во генерална смисла, со членството на вашата земја во НАТО ние гледаме продолжување на градењето безбедност и стабилност на Западниот Балкан. Во време на големи предизвици во регионот и во јужните делови, ние мислиме дека Вашата земја ќе игра важна улога за зачувувањето на безбедноста и на стабилноста, а членството во НАТО ќе помогне во ова насока. Кога сите земји членки ќе го ратификуваат протоколот за прием, ние ќе и посакаме добредојде на Вашата земја како Република Северна Македонија. Ние навистина го сакаме тоа и тоа е одлична можност за Вашата земја“, изјави Рос Готемолер, заменик генерален секретар на НАТО.

Таа додава дека, според процедурите, НАТО се уште треба да ја нарекува земјата како ПЈР Македонија, но функционерите веќе почнале да ја именуваат како „Северна Македонија“ поради договорот со Атина и поради перспективата која ја гледаат во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа