Грција ќе има потреба за „дополнителна поддршка“, смета претседателот на Еврогрупата
Објавено во: Балкан 05 Септември, 2013
Грција веројатно ќе има потреба од „дополнителна поддршка“ освен вториот пакет помош кој завршува идната година, изјави денеска Јерун Дејселблум, министер за финансии на Холандија и претседател со еврогрупата.
- Грчките проблеми нема да бидат решени до крајот на 2014 година и покрај напредокот на Грција, наведе тој пред Европскиот парламент.
- Реално е да предложам дека ќе биде потребна дополнителна поддршка, вон траншите од помошта, додаде Дејселблум.
Грција беше спасена од банкрот откако во 2010 година доби кредити од 240 милијарди евра од еврозоната и ММФ. Евентуална неопходност за нови средства е политички опасно прашање во државите кредитори како Германија, наведуваат западни медиуми.