02 Мај, 2024
0.0268

Грците лути што Меркел го нарече Заев македонски премиер

Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во Грција очигледно постои незадоволство што германската канцеларка Ангела Меркел при средбите со премиерот Заев ги користеше термините Македонија и македонски, па грчките медиуми се полни со наслови и коментари. Исто така предмет на анализа е и оптимизмот изразен од двете страни за наоѓање на решение за спорот за името. 

„Меркел провоцира, му посака добредојде на ’македонскиот“ премиер’; „Меркел: Најблиско до решение од било кога до сега“;„Меркел најави решение и го крсти Заев, Македонец“; „Меркел со Заев: Никогаш поблиску до решение“, се само дел од насловите на текстовите објавени во денешните изданија на весниците, на насловните страници.

„По средбата со скопскиот премиер Зоран Заев, канцеларката на Германија, Ангела Меркел, направи проценка дека за разликата за името меѓу Грција и ПЈРМ никогаш во последните 10 години решението не било толку блиску колку што е денес“.

„Госпоѓата Меркел изрази оптимизам, додека, пак, господинот Заев потенцираше дека ПЈРМ придава особено значење на германската поддршка за геополитичките цели на неговата земја. Скопското прашање, утре, ќе се најде на агендата разговори на Меркел и Алексис Ципрас“, пишува „Катимерини“.

Средбата Меркел –Заев, беше дел и од централните изданија на вестите на грчките телевизии.

„Канцеларката Меркел со почести го пречека Заев како македонски премиер, средба на која што ѝ претходеше телефонски разговор со Алексис Ципрас“, објави грчката телевизија „Стар“.

Новинарката од грчката телевизија „Антена“, прилогот за средбата во Берлин, насловен „Меркел го решава (и) скопското прашање“, го започна со изјавата на германската канцеларка на почетокот од прес конференцијата, каде што вели дека се радува што може да го поздрави во Берлин, македонскиот премиер Зоран Заев.

-Зоран Заев со задоволство ја слушна канцеларката Меркел, не само дека го признава неговиот македонскиот идентитет, туку и дека гледа решение, коментираше новинарката во прилогот на „Антена“.

Употребата на фразата „македонски премиер“ од Меркел, ја коментираше и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упатувајќи критики до грчката влада.

„Меркел до Зев на средина од преговорите за името: Добредојде во Берлин за македонскиот премиер. Заклучок: Исклучително ефикасна и убедлива дипломатската активност на владата“, напиша Кумуцакос на неговиот твитер профил, пренесува МИА.


Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф