01 Мај, 2024
0.0272

ГРЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААT: Сепак ќе има протест за одбрана на името „Македонија“

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грците не се откажуваат од намерата да протестираат во Атина за одбрана на името „Македонија“. 

Новиот протест официјално е закажан за 4 февруари во 14 часот на плоштадот Синтагма во Атина, соопштија на прес-конференција организациите и здруженијата кои го организираат протестот, во голем дел од дијаспората, наведувајќи дека формирале координативен комитет задолжен за организацијата и повикаа на масовно учество.

Организаторите го повикуваат грчкиот народ да продолжи во неговата борба, бидејќи како што наведуваат, територијалниот интегритет на земјата е под закана од отстапувањето на името Македонија и дека само масовно учество на народот може да го спречи тоа. 

За разлика од протестот во Солун, каде што на насобраните граѓани им се обратија претставници на организаторите, овој пат во Атина, нема да има говорници, освен ако не се најде општо прифатена личност што ќе ги поздрави присутните. Во овој контекст се споменува името на познатиот грчки композитор Микис Теодоракис. 

Претходно во Солун имаше протест со истата цел на кој излегоа 90.000 луѓе. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат