09 Мај, 2024
0.0271

ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ ЗА СМЕНЕТИОТ ДИРЕКТОР - Д-р Јовев: За осум години израснавме во водечки регионален центар - за награда добиваме смена (Видео)

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Очекував ваква поддршка. Ова е мојот тим, има и пациенти кои се дојдени да дадат поддршка. Не сакаме да се работи за политика, сакаме да се работи професионално, да бидат задоволни сите, ние се жртвуваме за оваа држава.  Во 35 години работење, немам ниту еден ден боледување. Минатата година имав такви притисоци, поради кои морав да земам боледување.

Ова го кажа разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката како и пациенти кои се насобраа пред клиниката.

- Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, единствена во регионот. Се случи да тоа беа уредно поканети сите, но единствено министерот за здравство не дојде, сметајќи дека нешто подоцна е дадена поканата за него, а порано за премиерот. Јас не можев да се мешам, тоа е Влада и они решаваат меѓусебе, а јас се најдов на средина. На крајот јас испаднав жртва, но и Кардиохирургија. Даваме лоша лекција на сите млади после нас, рече Јовев на прес-конференција за неговото разрешување од страна на првиот човек во здравството, Фатмир Меџити.

Тој порача дека на Клиниката нема работно време, туку се работи секојдневно 24/7.

- Клиниката заедно со овој посветен, едуциран, мотивиран и мултиетнички тим, во последните осум години создаде ултра модерна клиника во која се работат сите светски зафати. Создадовме најопремена клиника, реализирани усовршувања во регионот. За осум години израснавме во водечки регионален центар. Сега за награда, дали од каприц, или од други причини, добиваме смена. Покажуваме одличен пример на младите, дека ако се учи, ако се сака и се работи 24 часа, и ако се опреме клиниката со најмодерната технологија, не чини, туку треба да ја напуштиме клиниката и државата - кажа професорот Јовев, кој пак ја повика Владата и министерот за здравство да ја преиспитаат одлуката и истакна дека тимот кој победува не треба да се менува. 

Тој исто така посочи дека треба да се остават професионалците да ја вршат својата работа, и да се тргне политиката на страна. 

На неговиот говор тој во неколку наврати добиваше аплазу од колегите и од пациентите кои исто така беа собрани пред Клиниката за кардиохирургија, каде изразија поддршка за докторот. Тие посочија дека благодарение на интервенциите од Јовев, сега се живи и здрави. На протестот излегоа и вработени од Клиниката. Дел од нив, сметаат дека ваквото постапување е бркање од дома на разрешениот директор.


Фото: Принтскрин/Фејсбук


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“