02 Мај, 2024
0.0244

Хрватска носи дома „полни куфери“ од Русија

Објавено во: Свет 16 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Со освојувањето на второто место на Светското првенство во Русија, хрватската репрезентација ќе заработи богатство - 28 милиони долари, додека француската за светската круна ќе добие 10 милиони $ повеќе.

Секој тим кој учествува на Светскиот куп добива осум милиони долари, преминот во елиминациската фаза обезбедува дополнителни четири милиони и уште четири милиони долари за четврт-финалето.

Наградата за влез во полуфиналето изнесува 22 милиони долари, односно толку ќе заработи Англија со пласманот на четвртото место. Третото место и носи 24 милиони на Белгија.

Хрватскиот фудбалски сојуз и играчите се согласија дека 60 отсто од наградата на ФИФА оди за федерацијата, а 40 отсто ќе поделат помеѓу себе фудбалерите и стручниот штаб.

Интернационалната фудбалска федерација (ФИФА) го зголеми наградниот фонд за Светското првенство во Русија во 2018 година на 400 милиони долари, што претставува зголемување од 12 отсто во однос на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

За успехот во Бразил светскиот шампион Германија доби 35 милиони долари, како финалист на Аргентина и следуваа 25, додека Холандија за третото и Бразил за четвртото обезбедија по 22, односно 20 милиони долари.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа