08 Мај, 2024
0.0272

Instagram за Android ќе може да работи и без интернет

Објавено во: Стил 19 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќето функции на апликацијата Instagram за Android веќе ќе можат да работат и без постојана врска со интернет. Тоа го соопштија од Facebook - компанијата која ја поседува апликацијата за споделување на фотографии, за време на конференцијата F8 на компанијата.

Корисниците ќе можат да ги видат веќе преземените слики и публикации од новинарскиот проток на нивните профили, да зачувуваат пораки и да запираат да следат профили.

Ќе биде можно и фотографиите да бидат „лајкувани“ и Коментирани.

Апликацијата ќе ги задржува сите активности. Кога повторно се поврзете на интернет, тоа автоматски и во позадина ќе ги синхронизира активностите на корисникот со серверите и ќе даунлоадира нова информација.

Засега Instagram Stories најверојатно нема да работи офлајн, барем на почетокот.