Добивај вести на Viber
Банката на Јапонија најави нова рунда монетарно лабавење, што е нејзин најнов обид да ја покрене економијата, која според очекувањата на банката, ќе напредува многу помалку од што биле првичните проценки. БоЈ, која исто така соопшти дека ќе пружи нови заеми на банките, се наоѓа под притисок на политичарите брзо да реагира, бидејќи се повеќе податоци укажуваат на тоа дека зајакнувањето од ланскиот земјотрес и цунами слабее поради глобалното стопанско забавување и силниот јен.