Јункер доби наследничка
Објавено во: Свет 02 Јули, 2019
Нов претседател на Европската Комисија е германската министерка за одбрана, Урсула Ван дер Лејен.
Таа доаѓа на местото на Жан Клод Јункер.
На челното место на Европскиот Совет е избран Шарл Мишел. Висок претставник за надворешна и безбедносна политика ќе биде Џозеф Борел, а Кристин Лагард е предложена за шефица на Европската централна банка.
Германскиот весник Велт претходно објави дека Ван дер Лејен е фаворит за оваа позиција.