08 Мај, 2024
0.0252

Како Скопски пазар ќе го гради Бит-пазар?

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

На веб-страницата на Скопски пазар сè уште стојат огласи за издавање или продажба на атрактивните локали, не само во Скопје, туку и низ другите градови. Последниот таков оглас е објавен на почетокот на месецов. Главната акција за распродажба или издавање на имотот на компанијата се случувала низ целата 2017-та година, покажуваат објавените огласи.


Во услови во кои компанијата бележи пад на заработката и кога вработените на СП преминуваат во други маркети, од раководството најавуваат изградба на Бит Пазар, токму од парите од продадениот имот. Ваквото ветување е дадено уште многу поодамна, но до сега немаше негова реализација. Во што е играта? Зошто Сашо Давитковски, директорот на СП, ќе гради пазар откако го распродаде или издаде речиси целиот имот на компанијата? 


Економската логика вели дека развојот на една компанија е во секоја нова инвестиција која потекнува од заработка, а не од продажба на имотот преку кој СП беше меѓу главните играчи на пазарот во изминатите години. Скопски пазар некогаш беше првенец во трговијата, но последниве години се изгуби во конкуренцијата, без притоа да ја искористи некогашната силна позиција во својата област. И додека Веро, Тинекс и Рамстор пријавуваат по 100-на милиони евра приходи годишно и со тие пари инвестираат во нови проекти, СП го продава имотот, а со парите наводно ќе гради нов Бит-пазар.  


„Не можам сега да откривам како ќе го градиме пазарот, од кои средства, но си имаме начини и извори како тоа да го направиме. Не знам зошто мора да се поврзува продажбата на имотот на СП со новата инвестиција. Продажбата на маркетите и нивното затворање се должи на политиката на компанијата која процени дека има штети во секторот трговија и затоа пристапивме кон тоа. Но, голем дел од маркетите ги презедоа трговски компании и ги презедоа нашите вработени. Така што тој дел си е едно, а ова со пазарот е друго,“ вели првиот човек на СП, Сашо Давитковски.

Но, на патот на оваа идеја, освен што како пречка ги има долговите на фирмата кон банките, партнерите и добавувачите, стојат и сопствениците на дел од продавниците на Бит Пазар, кои веќе писмено реагирале во општина Чаир од каде бараат сериозно преиспитување на издадената дозвола за градба на СП. Пазарџиите реагираат дека со дозволата не се предвидени решенија за многу продавници, па тие не знаат како ќе обезбедат егзистенција за времето во кое новиот пазар би се градел.

„Реакцијата на сопствениците мислам дека е под нечие влијание затоа што тие имаа можност да реагираат кога ние имавме јавна презентација на проектот. Сега можеме да излеземе во пресрет со тоа што пазарот наместо наеднаш, да го градиме во четири дела, па така делови од него да останат да функционираат. Има многу шпекулации кои стигаат до пазарџиите и тие се исплашени,“ вели Давитковски за ова прашање.

Инаку, сликата од терен ја потврдува состојбата во која се наоѓа компанијата. Кај пазарчето во скопската населба Тафталиџе, некогашниот СП маркет е затворен и заграден. Тој простор најверојатно има нов сопственик.


Неодамна беше затворен и маркетот на Скопски пазар во населбата Мичурин. Деновиве таму сè уште стојат ознаките на компанијата, а внатре се оставени рафтовите со некои производи. Пребарувајќи по огласите, наидовме на локалот со големина од 120 квадрати и се издава за 52.000 денари месечна кирија. Ако направите обиколка низ градот, забележително е дека слично се случува и со сите други СП и Макси-Д маркети.


Од официјалните податоци на Македонска берза се гледа дека компанијата на почетокот на годинава известила дека затвора 10 маркети, а од СП за некои медиуми потврдиле дека маркетите се издаваат на довчерашните конкуренти Кит-го и ЗУР.

Со оваа продажба на имотот продолжува неизвесноста во компанијата. Вработените одамна се сомневаат дека раководството користи дел од парите од продажбите за купување акции на берза. И тие очекуваат исход од пријавите, уште повеќе ако се знае дека во компанијата ќе следува собрание на акционери.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“