04 Мај, 2024
0.0399

Камиони и шлепери денеска на протест пред Влада

Објавено во: Економија 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Превозниците денеска точно во 12.00 часот ќе протестираат пред Владата со барање за укинување на дополнителната акциза на горивата и наместо тоа - воведување прогресивен данок. Оваа дејност е незадоволна од понудените економски мерки како олеснувања за време на кризата.

Секој кој е во возило мора да има маска и ракавици. Возачите на возилата не смеат да излегуваат надвор од кабините поради потребната физичка дистанциранот и забраната за јавни собири. Организаторот тврди дека од цела држава се јавуваат и пријавуваат голем број превозници за да се приклучат на протестот.

„Како опшествено одговорни трговски друштва и граѓани на оваа држава, во поднесениот допис покрај голем број на мерки кои ги бараме, акцент се стави на Барање за укинување на акцизата и замена со т.н прогресивен данок за корона вирус, кој ќе ги опфати сите правни субјекти од стопанските и нестопанските организации (по примерот од 2001 година кога се воведе воен данок), затоа што јасно е дека буџетот на државата е празен. 

Со оваа мерка ќе се опфатат подеднакво сите прави субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, СИЗ, Стопански комори и други Здруженија на граѓани, со што навистина ќе имаме СОЛИДАРНОСТ и секој ќе го даде својот допринос според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година. 

За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза теретот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број на други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите, но сепак олигарсите воопшто нема да почуствуваат ниту ќе бидат засегнати, затоа што не се големи потрошувачи на погонско гориво кое се користи за вршење на дејноста, екстра лесното гориво остана со иста цена“, се вели во повикот за протест.

Останатите мерки кои ги бараат се поврзани со намалување на трошоците, регистрација на возен парк, враќање на ДДВ, компензации со поврат на патна такса и новите обврски за регистрација на возилата, одложување без камата на надоместоци за автоодговорност и зелен картон минимум 6 месеци, враќање на дел од акцизата по принципот на ДДВ, со можност за реципрочно враќање на истата и од другите држави и воспоставување на реципроцитет за враќање на ДДВ од сите држави, подобрување на законската материја која го регулира превозот со заштитни елементи на лиценцирани превозници, како и ревидирање на Уредба за распределба на меѓународни дозволи (распределба на ЕКМТ дозволи).



Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски