КИМ ПОВТОРНО ПРОВОЦИРА: Северна Кореја истрела ракета во Јапонското море
Објавено во: Свет 29 Мај, 2017
Северна Кореја истрела неидентификувана ракета од крајбрежниот регион Вонсан, соопшти Генералштабот на Јужна Кореја. Можно е ракетата да е балистичка, но информациите не се потврдени.
Претседателот на Јужна Кореја Мун Џен-ин нареди веднаш свикување на средба на националниот совет за безбедност, на која ќе се даде оценка на лансирањето.
Ракетата најверојатно паднала во морската економска зона на Јапонија.
Во последните недели Северна Кореја изврши неколку пробни лансирања на балистички проектили.
Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп инсистира за построги санкции против режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој цели кон создавање на ракета со нуклеарни можности, која може да достигне до копното на САД.
Вчера во Северна Кореја беше тестирано ново противвоздушно оружје во присуство на лидерот Ким Џонг-ун.