02 Мај, 2024
0.0271

ЌЕ УДРИ ЛИ ДУБРОВНИК ПО РЕСТОРАНИТЕ: Со новиот закон ќе ги разбеснат и мештаните

Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нов строг закон во декември би можел да удри по рестораните во Дубровник.

Како што пренесоа медиумите од соседството Дубровник кој со години наназад е меѓу најпопуларните туристички дестинации и стана доста популарен во познатата серија „Игра на престоли“ се разгледува радикален потег во борба против преголемиот број на туристи - забрана за отворање на нови ресторани.

Доколку советот на Дубровник гласа во декември за тој предлог и истиот биде изгласан, тогаш законот ќе забрани нови столици и столови во стариот дел на градот во наредните пет години.

Хрватските медиуми посочуваат дека ресторани ќе може да се отвораат внатре, но знаејќи го Стариот град, ќе биде многу тешко да се најде таков простор. Скоро сите ресторани работат претежно со градините, а доколку пак се случи некој од старите ресторани да затворат нови нема да можат да го заменат.

Бидејќи рестораните во Стариот град во Дубровник практично се приклештени за ѕидините со многу ограничен прстор , градините го спасуваат прометот а тоа значи дека во пракса новиот закон ќе значи и забрана за отворање на ресторан.

Бидејќи Градскиот совет го поседува целиот јавен простор во Дубровник, затоа ќе одлучи дали на ресторанот ќе му се додели надворешен простор со столици или не.

Со ефектите од прекумерниот туризам градот досега се носел така што го ограничувал бројот на бродови за крстарење кои пристугнуваат во градското пристаниште, намалувајќи го бројот на штандови за сувенири, како и редукција на столици и маси пред рестораните за 20 посто.

Сепак, овој потег СиЕнЕн го оцени како прв во борбата против прекумерниот туризам, потсетувајќи дека Венеција забранила отворање на ресоторани за брза храна во 2017 година но дека жителите на градот тврдат дека истата таа забрана не се почитува.


Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот