02 Мај, 2024
0.0260

Кој ќе им суди на убијците на новинарот Кашоги?

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

На убијците на новинарот Џамал Кашоги ќе им се суди во Саудиска Арабија.

Тие се саудиски граѓани, притворени се во Саудиска Арабија, а истрагата се води исто така во Саудиска Арабија. 

Убиството го извршија Саудијци во кругот на саудискиот конзулат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот повика на осомничените да им се суди во Истанбул.  

Турското обвинителство во петокот покрена постапка за екстрадиција на 18-те саудиски државјани осомничени за вмешаност во убиството на новинарот во конзулатот на неговата земја на 2 октомври во Истанбул. 

Два дена пред доаѓањето на главниот саудиски државен обвинител во Турција, обвинителството во Истанбул во петокот му ги предаде на Министерството за правда имињата на осумнаесеттемина осомничени. 

Министерството за правда, објави дека ги препратило до Министерството за надворешни работи, за официјално да го испрати барањето за екстрадиција до Ријад.

Кашоги, кој работеше во „Вашингтон пост“, беше голем критичар на режимот и власта во Саудиска Арабија. Тој во конзулатот на неговата земја во Истанбул отиде по документи за неговата свадба, но откако тој на 2 октомври влезе низ вратите на конзулатот, повеќе не е виден, му се изгуби секоја трага.

Свршеницата на Кашоги, Хатиџе Џенгиз, која по потекло е од Турција, во интервјуто за турскиот весник „Хабертурк“ рече дека Кашоги не сакал да оди во Конзулатот на Саудиска Арабија.

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави,  Џим Матис на меѓународната безбедносна конференција што се одржува во Манама, главниот град на Бахреин, рече дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги ја “подрива регионалната стабилност”. Матис предупреди и дека Стејт Департментот ќе преземе понатамошни мерки како одговор на убиството.

Ако се земе предвид дека мирот и почитувањето на човековите права е во наш заеднички интерес, рече Матис, убиството на Кашоги во едно дипломатско опкружување треба сите нас да не загрижи.

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференција во Братислава вчера порача дека повиците за ембарго врз продажбата на оружје во Саудиска Арабија поради новинарот Џамал Кашоги се „демагогија“.

Додека сѐ повеќе земји членки изразуваат поддршка за ваков вид санкции против Ријад по смртта на новинарот Џамал Кашоги, Франција, која склучи зделка за оружје во износ од милијарда и половина евра со Ријад во 2017 година, се спротиставува на ваква мерка. Чиста демагогија е да се каже дека треба да престане да се продава оружје, нема никаква врска со случајот Кашоги, истакна Макрон.

Претседателот побара европскиот одговор да не заснова врз емоции.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа