05 Мај, 2024
0.0268

КОЈ ПЕЕ ЗЛО НЕ МИСЛИ: (ВИДЕО) - Али Ахмети се распеа пред големиот вечерашен митинг во Чаир

Објавено во: Македонија 20 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Артан Груби, прв вицепремиер во земјава, на својот фејсбук-профил објави видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее патриотска песна заедно со косовскиот пејач Илир Шаќири.

Во описот на видеото Груби пишува „Нацијата е прва меѓу нас вечерва! Заедно за ЕУ.“


А пред да го објави видеото со лидерот Ахмети, кој е прилично распеан, Груби на својот профил на Фејсбук го најави митингот што вечерва ДУИ ќе го одржи во Чаир. 

Во најавата за митингот тој ветува невиден спектакл, особено за младите.

„Ми недостига ваква мобилизација и еуфорија што го чека националниот лидер Али Ахмети во Скопје! ... Големи и мали зборуваат дека доаѓа и ќе дојдат да му ја слушнат наредбата! И ви ветувам невиден спектакл денес на нашиот митинг, особено за младите. Не пропуштајте, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг каде ќе се гради иднината“, напиша Груби.


Инаку, на денешниот собир во Чаир, кој е закажан за 19 часот кај спортската сала „Шабан Трстена“, ќе присуствува и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Овој митинг доаѓа по минатонеделната онлајн кампањата „Да, тој доаѓа“ која предизвика серија реакции во јавноста.

Од Огнените нема да присуствуваат, иако Чаир се смета за нивно упориште. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“